Во португалскиот град Алграве на брегот на Атлантскиот Океан е изградена инспиративна двокатна „Кју-Ел“ куќа, која се карактеризира со својата ексклузивност.
Куќата е сместена крај самиот брег и од неа се пружа поглед кон океанската шир, но и кон прекрасните станбени градби, голф терени и природата во нејзиното опкружување.
Артикулацијата на просторот во куќата се обезбедува со пространата динамика и различните визулени реалции меѓу полното и празното и меѓу темното и светлото, со што се обезбедува раздвојување меѓу деловите за дневен престој, за спиење и за одмор и релакасација.
Куќата има голем отворен простор каде се сметени дневниот престој, трпезаријата и кујната, како и дополнителна летна кујна, сончева соба, четири спални соби, канцелариски простор и просторија за забава. сп/16:57