Поаѓајќи од своето мото дека дизајнот треба да изразува почит и одговорност кон природата, германскиот архитект Удо Хајмерман се зафати со преуредување на стари објекти во пространи куќи, кои можат да примат што поголем број луѓе.
Дизајнот во сите овие еколошки куќи претставува мешавина на оринетацијата за одговорност кон природата и единствениот уметнички стил на Хајмерман.
Доминатен материјал што се користи во овие куќи е помалку подзаборавената глина, која е одлична за градба, лесно се прозведува и е одличен топлотен изолатор. Од друга страна, глината е евтина и не е штетна по животната средина.
Куќите се енергетски ефикасни, а при нивното преуредување се користени методи кои ја редуцираат емисијата на јаглерод диоксид, кој се јавува како нус појава во системите за греење и разладување.
Со еколошкиот систем на преуредување е овозможено и намалување на употребата на фосилни горива, со што градбите стануват пријателски настроени кон природата.