Желбата за поврзување со природата, не е толку необична и многу модерни и современи куќи се дизајнирани на начин да го овазможат тоа.
Куќата „МеМо“ е токму една од они. Сместена во Буенос Ајрес, оваа куќа има 215 метри квадратни простор за живеење. Куќата се наоѓа на мала парцела меѓу две постоечки градби.
Поради љубовта на сопствениците кон пејзажната архитектура и желбите за креирање на самоодржлив еколошки дом, архитектите биле замолени да вклучат што е можно повеќе зеленило во просторниот дизајн и да додадат билки во различни форми.
Како одговор на овие посебни желби, архитектите завршиле одлична работа при спојување на куќата со природата и нејзино претворање во еколошки дом. Дефинирајќи ги елементите, дизајнот на овој проект се базира на вертикални градини кои ги спојуваат подовите на куќата, прекривајќи делови од покривот и терасите и продолжувајќи потоа преку ентериерот долж бетонските скали. На овој начин е создадена ентериерна градина.
Природните растенија се одбрани по својата популарност, земјиштето и климатските услови во кои растат, но исто така според својата издржливост и малите потреби за да останат здрави. Овие видови растат долж централните скали и им додаваат боја и свежина на целата куќа, додека истовремено внесуваат природа во нејзиниот ентериер.