Во Велика Британија е изградена еколошка куќа на вода, која е резултат на соработката меѓу италијанскиот дизјанер Џанкарло Ѕема и лондонското архитектонско студио „ЕкоФлоЛајф“.
Куќата „Водно гнездо 100“ е идеална за оние кои сонуваат за приближување и поврзување со природата.
Објектот, кој е проектиран за да може да се прилагодува и самостојно да функционира во зависност од глобалните климатски промени, е изграден од обновливи материјали, како дрво и алуминиум.
Куќата има простран покриен балкон и големи прозорци преку кои во внатрешноста влегува многу природна сончева светлина.
Покривот е прекриен со соларни панели, што ја прави куќата самоодржлива и енергетски независна.