Куќата се наоѓа на карпа во Лос Аркоса, Чиле. Животниот простор е мал, но тоа не влијае врз неверојатниот стил на куќата која е изградена од дрво.
Еко-куќата има систем на лизгачки ѕидови што овозможува промена на големината на собите. Големите прозорци од подот до таванот овозможуваат чувство на многу поголем простор. Низ прозорците се гледа бескрајното море и сјајното небо.
Мебелот и подовите се направени од дрво, како и целата куќа. Пред куќата се наоѓаат скали кои водат до плажата.