Најстарата градба во берлинската населба Прензлауер Берг претворена е во оргинален дом за семејство со три деца.
При реконструкцијата требаше да биде обновена и фасадата, но да изгледа како на цртежот од 1844 година.
Голем број елементи од старата градба останаа непроменети, како ѕидовите од тули, што му даваат на ентериерот боемски стил.
Објектот со години била полициска станица и работилници, а потоа многу години била напуштена поради што била во многу лоша состојба, со голем број мали соби.
При реконструкцијата задржани се само надворешните ѕидови и еден носечки ѕид во средина на куќата. Минималистичкиот пристап создаден е простран и функционален ентериер. Со голема лизгачка врата на првиот кат одвоена е спалната соба од главната дневна соба.
Преку големи дрвени скали се доаѓа до канцеларијата која се наоѓа на горното ниво.