Двокатниот стан во Москва предизвикува позитивни чувства, бидејќи е полн со живост и со светли акценти.
Ѕидовите и таваните се во бела боја што го прави станот простран. Секоја соба има клучна точка.
Кујната е убаво осмислена. Користени се само долните кујнски елементи и отворени полици.
Во дневната соба видлива е мешавината од стилови преку мебелот, тепихот и ткаенините со весели принтови.
Во станот има мноу растенија, во секој агол, па дури и во бањата, што дава свежина во собите.
Уште еден акцент се издвојува во станот, а тоа се жолтите скали кои водат кон вториот кат, каде е сместена спалната соба од која се излегува на тераса.