Во еден рурален регион на САД е изградена куќата „Вуденд Хаус“, која совршено ги обединува модерниот дизајн и самоодржливите системи, создавајќи пасивен дом со активни механизми на одржување.
Модерната двокатна куќа ги содржи вообичаените архтектонски елемнти и има вградени системи за греење и разладување, за прибирање дождовница и за рециклирање.
Куќата е покриена со малку накосен покрив, со цел да ја опфати и големата тераса на предниот дел од објектот.
Градбата се состои од две крила, при што во едното се сместени деловите за дневен престој и готвење, а во второто спалните соби и помошните простории. Од спалните соби, кои се отворени кон север, се пружа прекрасен поглед кон околниот пејзаж.
Системите за самоодржување имаат за цел да ја намалат поторшувачката на електрична енергија на минимум, што ја прави куќата енергетски ефикасна.
Големите прозорци овозможуваат влез на многу сончева енергија, дури и во текот на зимските месеци, додека малите отвори ма јужната и источната страна служат за контрола на дотекот на топлина за време на летото.