Архитектот Кејс Омсби дизајнираше дрвена куќа што се состои од четири целини со различни големини и пропорции, кои имаат засебни функции и намени.
Идејата на архитектот била куќата да претставува урбана реинтерпретација на типична англинска фарма, при што сите нејзини делови, кои се поврзани со сталени ходници, се поставени така што креираат неправилна латинска буква „У“.
Куќата е изградена од дрво од кедар, кое со текот на времето ќе добие сребреникава боја. Кедарот е употребен и за прекривање на ѕидовите на ходникот кој се протега од главниот влез, па се со најодалечениот дел на куќата.
Големите прозорци и лизгачките врати овозможуваат влез на големо количество светлина во внатрешноста, но во исто време нудат можности за повеќе излези од куќата.
Дневната соба, кујната и трпезаријата се сместени во најаголемата целина од куќата на нејзината северна страна, додека гаражата се наоѓа во спротивниот дел.
Главната спалната соба е свртена кон југ, а во овој трет дел на куќата уште се сместени бања и просторија за гледање телевизија. Четвртиот дел има две спални соби, како и уште една бања.
Од дневната соба се излегува на пространа тераса на предната страна на куќата, а уште една помала тераса е изградена крај главната спална соба.
Иако кедарот доминира во целата куќа, сепак тој е надополнет со дрво од даб и со бетон од кој се изработени подовите, кои заедно со белите ѕидови ја правата целата градба посветла и транспарента.