Во шумски предел во западниот дел на американската сојузна држава Вермонт е изградена куќата „Вудшед“, која се состои од две целини со асиметрични коси покриви.
Двата дела на куќата се поврзани со влезниот ходник, кој се отвора кон тераса, а целата градба е поплочена со рециклирани даски од елка и бор, кои претходно биле употребени за изградба на ограда и коњска штала.
Фасадата на „Вудшес“ е изработена од дрво, со што потсетува на стара дрвена куќа, какви што граделе првите европски доселеници во Америка.
Куќата има големи прозорци од кои се пружа поглед кон падината на ридот на која е изградена.
Покрај просторот за дневен престој, куќата има и три спални соби, гостинска соба и просторија за играње на децата.
Дрвото доминира и во ентериерот, кое надополнето со камените плочки, на куќата и дава рустикален и природен изглед.