Еден стан од 40 метри кваратни, е декориран на два различни, но интересни начини – за неа и за него… Предлогот бил на бразилски архитект Милтон Монтарои, кој добил за задача еден мал стан да го приспособи за потребите на една млада жена, а друг стан со иста квадратура и распоред на просториите да ги опреми за момче со слободен дух.
Според намената на декорот, архитекот направил уште некои измени, но сепак и во двата случаи кујната е отворена кон дневната соба, додека останатиот дел од ентериерот е организиран на различни начини.
Во „женскиот“ дизајн, спалната соба е сместена во посебна просторија. Архитектот сакал оваа просторија да ја одвои од дневната соба со поголеми дрвени летви, кои се обоени во бело.
Во овој стан се користени јаки бои, како црвената и сината, кои создаваат вистински женска декорација. Ѕидовите на станот се украсени со слики и цртежи.
Во „машкиот“ дизајн, архитектот се определил за сиви нијанси, како и портокалова боја на ѕифовите на кои се наоѓаат и фотографии на пејсажи, како и се спортска опрема која го дополнува просторот како декоративен елемент. Телевизорот, исто така, има голема улога во декорацијата.
Во „женскиот“ стан, кујната ја сочинуваат бели плакари кои се како комбинација со дрвен шанк, Декоративните плочки даваат ведрина и живост на овој дел од станот, а заоблените линии на фрижидерот, придонесуваат за мешање на соврмениот и ретро стилот во едно.
Кујната на „машкиот“ станот е направена од мебел во две бои – портокалова и темно сива. Трпезаријата е во црна боја, а сликите и рамките даваат модерен стил.
Мебел штофот кој е употебен во станот, прави голема разлика меѓу женскиот и машкиот дизајн. Пастелните тонови и цветнте мотиви во женскиот, се заменети со тонови од гранит и портокалови детали во машкиот, кои го прават станот удобно место за релаксација и одмор по напорниот ден.