На една фарма во местото Гарисон во американската сојузна држава Њујорк е изградена интересна куќарка, која е совршена за детски игри.
Оваа куќарка од 32 метри кавдратни, дело на архитетонското студио „Шерон Дејвис Дизајн“, има две нивоа и е поставена на столбови, со што потсетува на куќа на дрво.
До долното ниво се доаѓа преку плетени скали, кои завршуваат на подна врата. Од првото на второто ниво се оди преку вертикални скали, кои исто така завршуваат на подна врата. Во обратна насока од второто на првото ниво, може да се дојде преку тобоган изработен од некородирачки челик.
Од горното ниво, каде е поставена работна маса од махагони, се пружа отворен поглед кон околните ливади и овоштарници. На долното ниво има и мала тераса, која гледа кон главната куќа на фармата.
Носечките столбови на куќарката се замислени и како пожарникарски шипки, преку кои е можно спуштање до земјата.
Целата оваа структура е изработена од челик и рециклиран бел кедар и е безбедна за играње на децата.