Куќата е многу повеќе од четири ѕидови и покрив, таа е и засолниште. Не постојат две исти куќа. Луѓето ширум светот живеат во неконвенционални простори, од куполи до пештери и куќички на дрво.
Ова се десетте најчудни куќи ширум светот.
1. Оваа куќе е во Абуџа, Нигерија и делумно е изградена во облик на авион. Куќата ја изгради Саид Џамал за својата сопруга Лизу, во знак на сеќавање на својата љубов кон патувањата.
2. Куќата е изградена на карпа на реката Дрина во близина на Бајина Башта. Изградена е во 1968 година.
3. Куќата е изградена на покривот на една фабрика во Кина. Таа е завршена пред неколку години, а според властите не е во согласност со одобрениот план за градба. Куќата изгледа целосно „лудо“.
4. Овие куќички во централна Шпанија се направени од стари буриња за вино. Околу 40 луѓе, претежно од Турција, кои берат грозје живеат во овие импровизирани засолниште по шест недели.
5. Соларната куќа во близина на Стразбур е дизајнирана како џиновски тродименизионален часовник, фиксиран под агол за во текот на летните денови да ја одржува внатрешната температура под контрола. Во другите годишни времиња сончевата светлина влегува низ големите прозорци, бидејќи сончевата позиција е пониска на небото, а со тоа се грее и куќата.
6. Авторката на романите за Хари Потер изгради две куќарки на дрво за нејизните деца, кои се во стилот на амбиентот од филмовите за малиот волшебник. Изградбата на двокатните куќи, потпрени на столбови, чинеча 220.000 долари. Секоја од куќите има голема кула, мост од јажиња и таен подземен тунел. За заштита на децата од јавноста се поставени и замки, шипки за бегање и нишалки.
7. Еднособна куќа во американската сојузна држава Охајо е одличен дом за заштитиниците на животната средина, вљубениците во штрумфовите и љубителите на печурките. Киќата има додатоци од дрво, стакло во боја, школки и други органски материјали.
8. Во рускиот град Краснодарск е изградена куќа која е поставена наопаку. Во оваа несекојдневна градба, која е атракција за локланите жители и туристите, дури и внатрешноста е поставена наопаку.
9. Меѓу две згради во Варшава е изградена куќа, која е замислена како уметничка инсталација насловена „куќа далеку од куќата“. Градбата, широка само 91 сантиметар, е дело на израелскиот писател Едгар Керет, кој ја изградил куќата во спомен на семејствата убиени за време на Холокаустот.
10. Во Јапонија е изградена една куќа, која не е препорачлива за оние кои сакаат да скријат нешто од јавноста. Изнпирација за оваа транспарентна куќа од 84 метри квадратни, биле нашите претци кои живееле на дрвата. Добра страна на оваа куќа во која нема приватност, е тоа што овозможува влез на големо количество светлина.