Кристалите, сјајот, блескањето се елементи кои доминираат оваа сезона на апсолутно сите полиња, од мода до ентериер. „Catchpole & Rye“ го однесоа сјајот на следното ниво со блескавите кади дизајнирани со Сваровски кристали. Наречени се „Crystal Bateau“ и можат да се нарачаат во Херодс.
Производството на „Catchpole & Rye“ е класично, користи традиционални методи и уметнички техники. Кристалите на кадите се ставаат рачно, што трае неколку часа така што ова е вистински уметнички предмет. Целосно бели кристали со четири различни типови се внимателно поставени со цел да се создаде навистина спектакуларен блескав ефект.
Меѓутоа, ако белата не е ваша боја, кадата може да биде направена и по нарачка во неколку нијанси на Сваровски кристали, вклучувајќи и златни, сини и зелени кристали.