Црвената куќа на холандскиот архитект Карлос Вебер не може да не се забележи. Ентеријерот на куќата исто така е шарен: жолто-зелен, сини ѕидови и подови, виолетови скали.
Куќата се наоѓа на многу сончево и топло место. Вебер сака да докаже дека и на такво место може да се живее брз климатизација.
Куќата има широк покрив, базен сместен во една од собите, метални ролетни на прозорците кои штитат од сонце и дожд. Но, во домот нема стакло, како што нема и врата. Некои ѕидови имаат и дополнителни дупки за вентилација.
Вебер куќата ја оценува како експериментален модел, идеална за тропски услови. Куќата во целост е изградена од бетон, како евтин и едноставен материјал за користење.
Базенот ја заменува климата. Во куќата има врати само во канцеларијата на сопственикот и во спалните соби. Вратите се изработени како подвижни решетки.