Меѓу шареноликите пејзажи на Данска е изградена мала дрвена куќа на чиј екстериер доминираат црната и белата боја.
Дрвото доминира и меѓу мебелот во куќата, кое заедно со примарните бои не ентериерот создаваат чувство на рамнотежа, удобност, чистота и едноставност, како во некои минати вреемиња.
Во внатрешноста на куќата се искористени многу елементи од природата, како што се гранките од дрво кои се искористени како декор во дневната соби или како држачи за пешкири во бањата.
Малата црно-бела дрвена куќа е опкружена со зеленило, а нејзината дрвена веранда е одлично место за опуштање и попладневен одмор.