Дизајнерката на ентериери Касиа Орват од Полска успеа на единствен начин да ги обедини црната и белата боја во стан од 45 метри квадратни.
Кохерентноста на овој проект ги негира јасните контрасти на овие бои. Бели површини се одбрани за „живата зона“ – простор каде се одвиваат дневните активности. Кујната, трпезаријата, дневната соба, спалната соба и работниот простор комуницираат едни со други на природен начин, бидејќи не постои очигледна поделба.
Мебелот е лесен, мултифункционален и прилагодлив на енетериерот. Просторот за склaрадирање е обоен во црна боја. Во црна боја е обоен и ѕидот која ја крие вратата од бањата и плакарите.
Благодарение на мобилниот мебел и исклучување на непотребните работи станот изгледа многу поголем.