Еден брод кој по повеќегодишната пловидба по Дунав „заминал во пензија“, е „преквалификуван“ во пространа луксузна викендичка.
Бродот, долг 25 и широк четири метри, пред четири години бил извлечен на хрватскиот брег на Дунав и поставен на бетонски темели на една парцела со површина од 200 метри кавадратни, сопственост на Хрват што живее во Австрија.
– Штом зачекорив во внатрешноста на бродот, знаев дека започнувам вистинска авантура. Се беше во фаза на распаѓање и решив да ја отстранам сета внатрешност и остана само трупот на бродот. Со денови размислував како да го изменам и да му дадам нов изглед на овој убавец, вели Мате, сопственик на бродот-викендичка.
Викендичката денес има три ката и претставува вистински мал рај.
На првиот кат се наоѓа палубата која е птеворена во тераса, на вториот просоторот за дневен престој, а на третиот – кујната, бањата и спалната соба.