Бетонските плочи кои се изработени од страна на „KAZA Concrete“ и дизајнерот Ајбар Аши се инспирирани од течната форма на бетонот.
Во креирањето на овие плочи, Аши посакал формите кои ги создава течниот бетон во движење, да ги пренесе на плочите.
Резултатот е тродимензионални бетонски плочи кои го евоцираат „движењето“ на бетонот на различни начини во зависност од тоа кој шаблон е користен.
Динамичните форми креираат визуелни илузии во зависност од прекршувањето на светлината и сенките, што предизвикува екстра димензии и текстира.