Белата боја како доминантен детал во станот, придонесува за истакнување на неговата елеганција, а во исто време го прави и атрактивен и светол.
Ваквото правило, карактеристично за скандинавскиот стил, е искористено при декорирањето на еден стан од 70 метри квадратни во Шведска, при што дополнителна привлечност е обезбедена со детали во разни јаки бои.
Станот има спална соба, салон за дневен престој, трпезарија, кујна, бања и голем балкон. Тој е дизјаниран со мазни бели ѕидови, убави форми, дрвен под и големи прозорци и врати.
Контрастот со белите ѕидови, тавани, подови, прозорци и врати се остварува со помош на слики и уметнички дека во темни и јаки бои.
На мебелот исто така доминира белата боја, но и тука има елементи кои создаваат контраст, како зелени столици, сино масиче, црвени нијанси на спалната и лустери и перничиња во рази бои.