Група архитекти во градот Остин во американската сојузна држава Тексас од седум транспортни контејнери изградија бар во хипи стил од 8.000 метри квадратни.
Контејнерите се поставени во два реда еден врз друг, формирајќи прв кат со шанк во средината и втор кат со тераса.
За ентериерот на барот е употребена комбинација на различни материјали со јаки бои, како плочки, рециклирано дрво, хартиени колажи и тапети.
Барот има четири целини со удобни столици и каучи уредени во различни стилови.
Тој има и посебен пристап за лица во инвалидски колички, а негова дополнителна предност е и тоа што може лесно да се пренесе на друга локација.