Апартман во грандиозната Даблју кула во Тел Авив кој се простира на три ката е ставен на продажба за осум милиони долари.
Апартманот има 400 квадратни метри со застаклени ѕидови кои нудат поглед на градот и Средоземното Море од 45 до 47 кат на кулата. Луксузната резиденција има три спални соби и три бањи, кујна, огромна тераса и врвно внатрешно уредување.
Погодностите што ќе ги добиете со купувањето на овој пентахаус, се бројни, а една од нив, е лифтот кој ги поврзува трите ката, како и приватниот базен на покривот.