Еден амбар во италијанската област Тоскана, изграден пред околку 600 години, е трансформиран во модерен семеен дом при чие уредување е користена мешавина на оригиналните детали и модерниот дизајн.
Сопствениците сакале нивната куќа да содржи цврсти структурни елементи, па архитектите се определиле да направат проект во кој просториите се „влеваат“ една во друга и креираат невидливи зони, не само во ентериерот, туку и во просторот меѓу него и екстериерот.
При трансформацијата на куќата во модерен и функционеален дом архитектите воделе сметка да не се нарушат историските корени на гардбата, со што е добиен еден од најубавите примери на арт деко стилот во светската архитектура.
При реновирањето се задржани дрвените греди на покривот и оригиналните ѕидови, со што на куќата и се дава личен и посебен карактер. Целата конструкција содржи месингови, златни и сребрени акценти, кои придонесуваат куќата да изгледа префинето.
Најистакнат дел на куќата е главната спална соба, во чиј ентериер доминираат златната и месинговата боја, надополнети со црни лампи и ноќни комоди во црно-златна комбинација, со што дополнително се истакнуваат карактеристиките на арт деко стилот.