Дизајнерите од студиото „Тилт“ сакаа книгите да ги приближат поблиску до луѓето, и успеаја да ги вклопат во удобна столица „Open Book Chair“, која е погодна за читање инспиративни книги.
– На едната страна на столицата се наоѓа место за весници, додека другата страна е правоаголен збир отворени полици за книги.
Со минималистичка декорација и оскуден дизајн сето внимание ќе биде насочено на содржината на интересните книги.