Шпанскиот уметник Макимо Риера познат е по екстравагантите и речиси надреалните парчиња мебел.
По неговите поранешни хитови Морж столица, Рино столица и Октопод столица, уметникот на својата колекција го додава и Хипотамус столица во облик на нилски коњ, која е екстравагантно парче мебел.
Токму како и останатите парчиња мебел инспирирани од животни, оваа столица со својот изглед го збунува умот, со својот импресивен обем, и точни детали остава без здив.
Хипотамус е тревопасен цицач, својствен по своето торзо, а е еден од најагресивните и непредвидливи суштества на светот. За овој дизајн, големината и обемот се сочувани, за да се постигне парчето во природна големина.
Седиштето е монтирано на врвот на горниот дел од телото на животното, со две различни хемисфери, една е функционална, а другата создава илузија на импозантно присуство на животното.
Цената на оваа екстравагантна столица е 95.000 долари.