Фирмата што ги продава столиците на кои седеа Меган и Хари на интервјуто, не може да постигне со нарачките

Од:

Плетените столчиња на кои седеа британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл, како и водителката Опра Винфри, за време на неодамнешното контроверзно интервју, се произведени од фирма во сопственост на Кристофер Најт, актер кој глумеше во познатата серија „The Brady Bunch“, а сите залихи се распродадени во рок од два дена по интервјуто.

Столиците за двор, изработени од багремово дрво, „пламнале“ откако милиони луѓе ширум светот го гледале интервјуто.

„Во сензационалното интервју на Опра со принцот Хари и Меган, кој би помислил дека луѓето ќе ги забележат столиците, но луѓето очигледно ги забележале,“ напиша Најт на Фејсбук.

„Почестен сум што мебел од мојата колекција стана фокус на гледачите на најфасцинантното интервју во поновата историја,“ додаде тој.

Столиците чинат 554 долари, а со оглед на тоа што интервјуто привлече над 17 милиони гледачи во САД и 11 милиони во Велика Британија следниот ден, не е чудно што многумина побрзале да ги купат.

Би можело да ве интересира

Тејлор Свифт е прва, а Меган и Хари се втори „најголеми губитници“ оваа година

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе завршеа како принцезата Дијана: Папараците два часа ги бркаа низ Њујорк

Ана Ололовска

Кралски експерт тврди: „Меган беше разочарана што принцот Хари има толку малку пари, мислеше дека има милијарди“

Дејли Мејл: Хари и Меган ќе бидат поканети на крунисувањето на кралот Чарлс III

Драма во пресрет на смртта на кралицата, Чарлс: „Меган не е добредојдена“

Уште една пресуда во корист на Меган Маркл

Ана Ололовска