Филмот за Тесла ќе се снима во Србија

Од:

Снимањето на високобуџетниот филм „Тесла, владетелот на светот“, е во фаза на претпродукција. Претставници на холивудскиот Универзал неодамна беа во тајна посета на Белград и Србија, во потрага на локации каде би се снимале сцените за филмот.

Како што дознаваат српски „Новости“, првичната идеја била филмот да се снима во Велика Британија, но челните луѓе на Универзал биле воодушевени од Србија.

„Поминавме десетина локации во Белград и ширум Србија, ги посетивме и филмските студија, а претставниците на Универзал, заминаа задоволни и се согласија „Тесла“ да го снимаме овде“, вели за „Новости“, Владимир Рајчиќ, сценарист и косопственик на „В.П.Р. продукција“, која со голем дел стои зад буџетот на филмот.

Сценариото го опфаќа животот на Тесла, со акцент на најплодните години. Филмот доби поддршка од американската и српската влада.

Ќе биде снимен на англиски јазик, а Кристијан Бејл е најсериозен кандидат за главната улога.

Меѓу светските имиња кои би можеле да се „прошетаат низ Белград“ се издвојуваат Николас Кејџ, Лолита Давидовиќ и Харисон Форд.

 

Би можело да ве интересира

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“