Филмот за Никола Тесла ќе се снима во Србија

Од:

„Тесла, владетелот на светот“ е имато на високобуџетниот филм чие снимање е во фаза на предпродукција, а локациите за снимање веќе се пронајдени во Србија.

Претставниците на студиото „Универзал“ неодамна биле во тајна посета на Србија за д анајдат локации на кои ќе се снима филмот за Тесла. Првобитно, идејата била да се снима филмот во Велика Британија, меѓутоа првите луѓе на „Универзал“ се одушевиле од Србија и одлучиле таму да се снима.

Со сценариото е опфатен целиот живот на Тесла, со нагласок на неговите најплодни години. Филмот ја има поддршката на американската и на српската влада, а со финасиска поткрепа на „Универзал“ животната приказна за големиот научник ќе се работи во 3Д продукција.

Главните улоги се резервирани за познатите актери како Николас Кејџ, Лолита Давидович и Харисон Форд.

Би можело да ве интересира

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“