Филмот „Мајки“ и изложба на Манчевски претставени во Хрватска

Од:

Во галеријата „Глиптотека“ во Хрватската академија на науките и уметностите е отворена изложбата „Пет капки сон“ на Милчо Манчевски.   Изложбата ја отвори директорката на галеријата при ХАЗУ Аријана Краљ.

Таа, како што информира С-прес, на отворањето истакнала дека секоја фотографија на Манчевски е „секвенца не само на просторот, туку и секвенца на меморијата. Искра која ја понесувате со себе и ја паметите не само како убава слика, туку како она што ве допрело, гибнало и останало во нас, како блесок на сопствениот пат. Тоа резиме на стварноста, спој на едноставност и раскош на идејата е она што оваа изложба ја чини така единствена“.

„Пет капки сон“ веќе беше претставена на фотографското биенале „Грид“ во Амстердам, во галеријата „Мијако Јошинага“ во Њујорк, како и во Скопје, Софија, Белград и во Нови Сад.

Филмот „Мајки“ на Манчевски, пак, минатата недела беше прикажан и на Хрватската телевизија, а рецензијата таму, меѓу другото, посочува дека „со оваа градација од играно кон документарно, Манчевски истакнува дека реалноста е побизарна и посурова од  која било фикција“.   ХРТ минатата недела го прикажа и „Пред дождот“ во специјална емисија во која беше емитувано и опширно интервју со Манчевски.

Вториот филм на Манчевски „Прашина“ овој и минатиот месец беше прикажан на американскиот филмски канал „Рилз“, во рамки на циклус вестерни.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ