Филмот „Грејс од Монако“ на Оливие Дахан, кој со нетрпение беше очекуван од публиката на Канскиот фестивал, беше примен без воодушевување од претставниците на печатот.
Во овој „биопик“ во кој Никол Кидман ја игра улогата на Грејс Кели, се очекуваше многу бидејќи неговото излегување во салите беше одложувано на неколку пати и откако династијата Монако, односно принцот Алберт и неговите сестри (децата на Грејс) јавно обвинија за „историски невистини и сомнителна литература“, пренесува дописникот на МИА од Париз.
И покрај убавите слики, вистински разгледници од Монако и гламурот на Никол Кидман, филмот беше прифатен со потполно молчење, па дури и свирежи меѓу новинарите.
Слични беа и коментарите на неколку медиуми кои успеаа да го видат филмот пред неговата проекција во салата. „Како е можно да се направи толку здодевен филм, започнувајќи од една приказна богата со сочни озборувања“ – се запрашува Холивуд Репортер, американската библија на филмот.
Кан се отвора со кралски „биопик“ полошо од Дијана “печка во која играше Наоми Вотс“ пишува британскиот Гардијан.
Телеграф во филмот виде “неверојатно глупава мелодрама”.
Во Франција неделникот Експрес оценува дека овај филм „сепак вреди да се види“ и го поздравува начинот на кој режисерот го направил филмот. Метроњуз, мисли дека Никол Кидма беше „прекрасна, достојна на иконата која ја инкарнираше“.
Со гледањето на филмот може подобро да се сфати зошто владеачкото семејство од Монако е против филмот, бидејќи во филмот во кој се зборува за конфликтот меѓу Франција и Монако во 1962 година, сестрата на принцот Рение, Антоанет е претставена како „шпионка“ во полза на Франција.