Филипс претстави телевизор целосно изработен од стакло

Од:

„Филипс“ го претстави најновиот телевизор „Дизајн Лајн“ кој е целосно изработен од едно парче стакло.

Телевизорот доаѓа со големина од 46 и 55 инчи. Филипс Дизајн Лајн нема подножје и изгледа како една целина, а дизајниран е така што едноставно треба да се потпре на ѕид.

Дизајнерот Френк Ретенбаер истакнува дека при создавањето на телевизорот целосно е заменет конвенционалниот начин на производство, додека шефот на дизајнот Род Вајт нагласи дека нивната цел била да направат „предмет на желби“.

Со телевизорот доаѓа и Филипс Амбилајт технологија, која проектира бои од екранот на околните ѕидови. Останува непознато каков ќе биде конечниот квалитет на сликата и цената на телевизорот кога тој ќе се најде во продажба во април годинава.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска