Филипинскиот претседател обвинет за учество на „неристојна роденденска забава“

Од:

Бискупот на влијателната католичка црква на Филипините, Бродерик Пабило денеска побара претседателот на државата Бенињо Акино „да се извини и покае“ поради, според него, учеството на роденденска прослава на која, како подарок од еден од гостите, инаку сенатор, три стриптизети и еден маж изведувале „повеќе од непристојни сцени“.

Бискупот изјавил дека ваквата сценска претстава е грев, затоа што на роденденската прослава имало и малолетници, а уште повеќе е политички срам за филипинската елита која била присутна на прославата.

Според видеото, што е објавено на Фејсбук, на роденденската прослава на конгресмен од Либералната партија, зачинета со „порно шоу’’, покрај претседателот Акино присуствувале и педесетина други личности од политичкиот и бизнис крем на Филипините.

Католичката црква на Филипините, со над 70 милиони верници, е и мошне влијателна во политичкиот живот на државата.

Кланот Акино, покрај другото, ја заслужува својата популарност и поради симпатиите на католичкиот клер на државата. Сегашниот претседател, со прекар Акино Третиот е син на првата претседателка на Филипините по соборувањето на диктаторот Маркос, Корасон Акино. Јуниорот има амбиции да го смени Уставот на Филипините, според кој на претседателот му е дозволен само еден петгодишен мандат, но најновата осуда од страна на бискупот Пабило најверојатно го елиминира од трката.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски