Фејсбук воведува и телевизија

Од:

Фејсбук го повлече до сега најголемиот потег со кој ќе стане конкуренција на телевизискиот пазар, проширувајќи ја својата понуда со содржини на програми во широк спектар – од професионална женска кошарка, до сафари шоуа и програми за родителите.

Редизајнираниот производ на Фејсбук под името „Вач Бит“ на почеток ќе им биде на располагање на ограничена група корисници во САД на мобилната апликација на социјалната мрежа, вебсајтот и на телевизиска апликација.

Оваа најголема социјална мрежа во светот од минатата недела на својата понуда додаде и видео содржини, а веќе со месеци сигнализира дека сака да стане извор на оригинални и квалитетни видеа.

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг во својот пост порача дека „Вач Бит“ ќе им овозможи на корисници да „разговараат и да се поврзуваат со луѓе во тек на епизодите и да се приклучуваат на групи на луѓе кои сакаат исти шоу програми, а подоцна ќе се изгради и нивна заедница”.

Фејсбук објави дека новата услуга ќе вклучува видео содржини со американска женска кошарка, сафари шоуто на Нешанл Џиографик, шоу за родители од компанијата „Тајм“, а ќе продолжи да емитува и бејзбол. Платформата ќе биде отворена за сите кои произведуваат шоу програми како место за дистрибуција на видеа.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он