Фејсбук почна да користи програма со вештачка интелигенција за опишување на содржината на фотографиите, намената за слепи и лица со слаб вид.
Имено, оваа социјална мрежа ги програмира своите компјутери, тонски да ги опишат објавените фотографии, со цел на слепите и луѓето со слаб вид да им се овозможи употреба на Фејсбук.
Функција на АјФон толкува што се наоѓа на сликата, користејќи форма на вештачка интелигенција која препознава лица и објекти.
Читачот на екранот, наречен „Војс Оувер“, мора да се активира за опис на фотографиите и засега е достапен само на англиски јазик.
Компанијата „Фејсбук“ наведе дека текстовите во почетокот ќе бидат ограничени со речник кој располага со 100 зборови.
Автоматскиот глас може да изговори само дека фотографијата, на пример, „содржи три насмеани лица на отворен простор, без давање детали дека едно од лицата држи куче во рацете‟.
Фејсбук наведе дека ќе биде внимателен со оваа технологија за да не им се случи грешка која би ги навредила корисниците.