Фејсбук во Британија наплатува за испраќање пораки на славните личности

Од:

Социјалната мрежа „Фејсбук“ почна на британските корисници да наплатува максимум 10 фунти за испраќање пораки на лица кои не се наоѓаат во нивниот круг на пријатели, пренесуваат британските медиуми.

Фејсбук наплатата ја воведува со цел да спречи „спам“ пораки, а корисниците ќе плаќаат за контактирање со познатите личности или кој било што не им е пријател или пријател на некој од нивните пријатели.

Наплатата може да изнесува од 70 пени до најмногу 10 фунти. Така секој Британец што сака да испрати порака на добитникот на олимписко злато во нуркање Том Дејли ќе мора да плати 10,68 фунти.

Системот за наплата работи на алгоритам што пресметува колку следбеници има некоја позната личност на Фејсбук. Испраќањето порака на американскиот рапер Снуп Дог чини 10,08 фунти.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он