Фејсбук трикови кои ќе ја зачуваат приватноста

Од:

Со помош на неколку едноставни потези, секој корисник ќе може своето искуство на Фејсбук да го направи целосно безбедно и безгрижно.

Може да се укине опцијата „seen“ преку едноставната програма Crossrider Chad Undetected, која работи на речиси сите платформи и прелистувачи (browser).

Секако, на располагање се и други слични екстензии и апликации за прелистувачи. За жал, опцијата ќе може да се отстрани единствено при користење десктоп компјутер.

Доколку корисникот не сака да му се дознае времето на последна активност на Фејсбук, тогаш треба да се избрише месинџерот и да се пристапи на чат преку прелистувач на смартфонот.

Исто така, целата содржина на профилот може да се филтрира за да може одредени луѓе да бидат ограничени во тоа што го гледаат кога ќе го посетат. Се е сместено во опцијата „Who Can See My Stuff“ откако ќе се кликне малото катанче во горниот десен агол на понудени опции на Фејсбук.

Секој статус не мора да се види на времепловот на пријателите. Потребно е само да се кликне на опцијата покрај „post“, а која често има различни зададени филтри. Покрај тоа треба да се посети рубриката „custom“, каде може да се блокираат поединци или група луѓе.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он