Тинејџерите се почесто ја напуштаат социјалната мрежа на Марк Цукенберг, додека се повеќе има корисници кои имаат над 55 години.
Се проценува дека Фејсбук во Велика Британија оваа година ќе има 2,2 милиони редовни корисници помеѓу 12 и 17 години, 4,5 милиони корисници помеѓу 18 и 24 години, што значи дека бројот на корисници во однос на минатата година се намали за 700 илјади.
Младата популација започна да се сели на Инстаграм, кој Фејсбук го купи пред неколку години.
Оваа година на Фејсбук во Велика Британија се очекува да има нови 500 илјади корисници постари од 55 години, што значи бројката на членови од оваа група ќе достигне речиси 6,5 милиони.