Компанијата „Фејсбук“ на својот сајт објави дека нејзината социјална мрежа има „над еден милион активни огласувачи“. Дан Леви, еден од шефовите на „Фејсбук“ одговорен за маркетингот на компанијата, им изрази благодарноста на сите овие компании кои се активни огласувачи.
– Вие го избравте „Фејсбук“ како партнер за да ја зголемувате вашата дејност. Ја користиме можноста да работиме со вас, напиша Леви на интернет страницата на „Фејсбук“.
Кон крајот на март социјалната мрежа Фејсбук објави дека има 1,11 милијарди активни корисници.
Сомнежите во способностите на компанијата за заработка, најмногу од мобилниот пристап на корсниците, беше една од причините за нејзино фијаско по почетокот на котацијата на берзата минатата година.