Бројот на корисниците на социјалната мрежа Фејсбук во понеделникот достигна првпат една милијарда посетители за еден ден, изјави директорот на компанијата Марк Цукерберг.
– Надминат беше мошне важен праг. Тоа е само почеток во комуникациското обединување на светот, нагласи тој на својот Фејсбук профил.
Во понеделникот секој седми жител на планетата користел Фејсбук.