Органите за заштита на конзументи во повеќе нордиски земји се закануваат да го изнесат „Фејсбук“ пред суд доколку не се спречат непосакуваните реклами во протокот на вести кај корисниците, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Многумина во Скандинавија реагираа поради значителниот пораст на обемот на реклами на „Фејсбук“ во последно време. Меѓу оние кои протестираат се и омбудсманите за потрошувачки права во Шведска, Данска и Норвешка, кои сметаат дека маркетингот може да се смета за непосакувана реклама, а што е забрането според ЕУ-директивите.
– Оваа социјална мрежа по се изгледа ја прекршува европската директива кога станува збор за интегритетот при електронска комуникација, така што им дозволува на компаниите да рекламираат директно во протекот на вести кај корисниците на мрежата, вели норвешкиот омбудсман за потрошувачки права Гри Нергард. Нордиските омбудсмани би сакале првин да го продискутираат ова прашање со „Фејсбук“, но доколку тоа не резултура со подобрување, се иразуваат надежи дека би можела да интервенира Европската комисија, пишува „Компјутер Свиден“.