Последната надградба на Фејсбук апликацијата за Андорид овозможува менување на објавите и коментарите, како и можност за прикажување на сите промени.
Фејсбук потврди дека новата опција ќе биде достапна на сите корисници на социјалната мрежа преку компјутер или Андроид уред. Опцијата се уште не е вклучена во апликацијата за иОС, но набрзо и таа ќе добие надградба.
Корисниците опцијата „Edit Post“ ќе може да ја отворат со клик во десниот горен агол на веќе направена објава или коментар.
Фејбук објавите и коментарите на кои ќе бидат правени промени ќе ги означува како веќе уредени, а на останатите корисници ќе им овозможи пристап до историјата на уредување на објавата со само еден клик.