Најголемата социјална мрежа „Фејсбук“ изгуби 11 милиони корисници, по објавувањето докази дека специјалните служби ги користат за своите потреби.
Девет милиони луѓе во САД и два милиони во Велика Британија ги избришаа своите профили.
Како што наведуваат медиумите, масовното бришење на профили е последица на неодамнешното откритие на поранешниот агент на НСА, Едвард Сноудер дека оваа мрежа е под постојана контрола.
Според истражувањето на Универзитетот во Беч, 40 проценти од анкетираните корисници стравуваат дека некој може да ги користи нивните лични податоци.
Околу 13 испитаници тврдат дека ја напуштиле социјалната мрежа, бидејќи не се задоволни од мрежата или поради тоа што изгубиле интерес.
Елена Георгиевска