Компанијата „Фејсбук“ од видео-реклами, што планира да ги воведе до крајот на годината, би можела да заработи повеќе од милијарда долари во 2014 година, се наведува во извештајот на фирмата „Морган Стенли“.
Тоа би претставувало еден процент од сите трошоци предвидени за телевизиски реклами во САД.
„Морган Стенли“ предвидува дека до 2020 година од видео-реклами „Фејсбук“ би заработил дури 6,5 милијарди долари.
Во извештајот, кој првенствено се заснова на извори како што се „Блумберг“ и „Фајненшл тајмс“ се остакнува дека видео-огласите би биле пласирани кон крајот на годината и оти најголемиот дел од 2014 година ќе ги има на американскиот пазар. До европските корисници на „Фејсбук“ би стигнале во текот на следната година, во Азија 2015, а на другите пазари до крајот на 2016 година.