Фејсбук од реклами годинава ќе заработи речиси една милијарда долари

Од:

Приходите на социјалната мрежа „Фејсбук“ од реклами за оваа година ќе достигнат речиси една милијарда долари, објави компанијата „ИМаркетинг“.

Компанијата вчера објави дека во 2013 година приходите на социјалната мрежа од реклами за мобилни телефони и таблети ќе достигнат 965 милиони долари само во САД. Тоа е околу два и пол пати повеќе од 391 милиони долари приходи за минатата година, кога „Фејсбук“ почна со реклами за мобилни уреди.

Прогнозата доаѓа непосредно пред „Фејсбук“ да стартува нов производ за оперативниот систем Андроид. Се претпоставува дека продуктот ќе биде за мобилни телефони на корпорацијата „Ејч Ти Си“.

Моментално „Фејсбук“ се наоѓа на второ место по „Гугл“ во мобилно рекламирање, но многу е веројатно дека за брзо време ќе го надмине Интернет пребарувачот.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он