Фејсбук месенџер наскоро ќе ви дозволи да ги избришете испратените пораки во рок од 10 минути од моментот кога ќе го притиснете копчето. Функцијата е запишана како „доаѓа наскоро“ во верзијата 191,0 на ајОС клиентот на Фејсбук месенџер.
Споредено со целиот час, кој социјалната мрежа ви го дава за да отстраните погрешна порака во Ватсап, 10 минути може и да не се доволно време за реакција, но сепак е подобро од зачувувањето на пораката засекогаш.
Фејсбук ја разгледува функцијата „Unsend“ од април, откако стана јасно дека компанијата тивко бришела пораки испратени од нејзиниот шеф Марк Зукерберг.