Фејсбук креира посебен простор за директна продажба

Од:

Групите на Фејсбук кои се занимаваат со продажба на одредени производи секој месец ги посетуваат над 450 милиони луѓе.

Поаѓајќи од овој факт, социјалната мрежа реши да воведе нов таб на својата апликација наменет за директна продажба.

Новата алатка „Фејсбук Пазар“ овозможува пребарување на содржини во однос на производите што се нудат и ефикасно го изложува она што вие имате да го понудите на онлајн пазарот.

Преку „Фејсбук Месинџер“ можете да организирате и состаноци и да дознаете повеќе за луѓето со кои склучувате договори за продажба благодарение на Фејсбук профилите.

„Фејсбук Пазарот“ веќе е достапен на мобилните телефони во САД, Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд, а ако се покаже како популарен можно е да биде претставен и ширум целиот свет.

Сепак, овој додаток на постоечките Фејсбук апликации има и свои недостатоци. Не постои можност за оценување на понудувачите и купувачите за заштита од измами.

Иако моментно нема компјутерски Фејсбук страници на кои е дозволен пристап до „Пазарот“, Фејсбук еден ден може да генерира дополнителен приход од огласувањата на овој начин.

Компанијата се надеваат дека „Фејсбук Пазарот“ ќе биде доволно популарен да добие главно место на навигацискиот бар-таб.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он