Фејсбук ќе детектира лица со самоубиствени мисли

Од:

Фејсбук најави дека ќе создаде систем со вештачка интелигенција, со цел да ги детектира брзо членовите на социјалната мрежа, кои имаат самоубиствени мисли. Иницијативата има за цел навреме да им помогне на овие луѓе.

Технологијата ќе бара автоматски индикации за самоубиствени мисли во објавите на корисниците, како и во клиповите на „Фејсбук Лајф”.

Доколку постојат такви индикации персоналот на Фејсбук ќе биде информиран брзо, како и организациите, специјализирани за помош на луѓето со самоубиствени мисли. Системот со вештачка интелигенција ќе испитува не само пораките на членовите на мрежата, туку и одговорите на нивните пријатели.

Фејсбук веќе има поставено алатки за дејствување, овозможувајќи им на корисниците да дадат сигнал, ако сметаат дека нивниот пријател сака да стави крај на својот живот, но системот со вештачка интелигенција ќе овозможи побрзо да се пренесуваат информациите за таквите лица и дури да се детектираат сигнали, кои членовите на мрежата можеби не ги забележале.

По периодот на тестирање во САД, Фејсбук ќе го разгранува системот и надвор од земјата за да биде достапен насекаде, со исклучок на ЕУ, вели Гај Роузен, потпретседател на Фејсбук, одговорен за управувањето на производите на компанијата. Личните податоци во ЕУ се заштитени со построги закони од оние во САД.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он