Фејсбук упати извинување поради проблемот кој и го направи на 104-годишна жена од Мичиген да изгледа дека лаже за нејзината вистинска возраст на таа социјална мрежа.
Внуката на старицата Маргарет Џозеф изјави дека Фејсбук не дава можност Џозеф да ја објави нејзината вистинска возраст.
Геил Марлоу тврди дека кога се обидела да ја впише 1908 година како година на раѓањето на нејзината баба, Фејсбук ја сменил на 1928 година. Така изминатите две години таа беше прикажувана како 99-годишна.
Џозеф е слепа и со оштетен слух, но Марлоу ги чита и одговара на сите нејзини Фејсбук пораки. Марлоу изјави за WDIC-TV дека би „сакала да ги види“ вистинските години на Џозеф на Фејсбук, а нивното неприкажување го препиша на „грешка во системот“.
Портпаролот на Фејсбук Ендрју Нојс изјави дека социјалната мрежа работи на поправање на проблемот поради кој се лимитирани годините на раѓање од пред 1910 година.