Компанијата „Фејсбук“ минатата недела изврши уште едно преземање. Популарната социјална мрежа го презеде пребарувачот „Фајнд“.
Засега не е објавена вредноста на преземањето.
Станува збор за веб страница што овозможува пребарување на разни видови производи во голем број продавници. На тој начин корисникот може да ги спореди понудите и да одбере најдобра цена.
По завршување на преземањето, веб страницата ќе престане да постои во основната функција, а сите вработени ќе преминат во „Фејсбук“.