Фејсбук го постигна она што го посакуваше – има големо влијание на животот, а многу истражувања досега тврдеа дека оваа социјална мрежа има негативно влијание, затоа што луѓето завидуваат на туѓата среќа.
Но, најновото истражување кое го спроведе Leibnitz Knowledge Media Research Venter во Германија, даде друг одговор – Фејсбук ги прави повеќето од луѓето среќни.
Резултатите покажаа дека е поголем бројот на луѓе кои покажуват задоволство од туѓите позитивни објави и убави фотографии на Фејсбук, отколку што завидливи или љубоморни.
Пријатели кои објавуваат позитивни објави и убави фотографии сепак успеале кај мнозинството свои пријатели да измамат насмевка на лицата, што најдобро зборува за вистинското влијание на Фејбук.
Затоа, ако не сте расположение посетете го Фејсбук, можеби некој од вашите пријатели одлучил на сите да ви посака убав ден.